Дембеле му го донесе на ПСЖ трофејот во Суперкупот (Видео)

Пари Сен Жермен го освои Суперкупот на Франција за оваа сезона, натпревар кој се одигра на стадионот „974“ во Доха, Катар. Иако Светците важеа за фаворити, Монако им пружи силен отпор, но на крајот ПСЖ славеше со минимални 1-0.

Мечот се одигра во необична атмосфера, бидејќи навивачите го бојкотираа натпреварот поради одлуката да се одржи надвор од Франција. Сепак, тоа не ги спречи двата тима да прикажат активен фудбал со многу шанси.

Одлучувачкиот момент дојде во судиското надополнување, кога Осман Дембеле ја затресе мрежата на Монако во 92-та минута, по одлична асистенција од Фабијан Руиз. Тој гол беше доволен за ПСЖ да ја освои својата рекордна 13-та титула, зацврстувајќи ја својата доминација.

Со оваа победа, ПСЖ се оддалечи од Лион, кој има осум трофеи во Суперкупот на Франција.

- Оглас -

Најнови вести