12.8 C
Skopje
вторник, 23 септември 2025

Дембеле не можеше да ги задржи солзите кога од сцената ѝ се заблагодари на мајка му (Видео)

Усман Дембеле е освојувачот на Златната топка, а на поздравниот говор не можеше да ги задржи солзите кога дојде редот да ѝ се заблагодари на мајка му и на целото семејство.

„На крајот сакам да му се заблагодарам на целото семејство, на мајка ми…“, и тука започнаа солзите, па Дембеле продолжи: „Секогаш тука беа за мене, ме поддржуваа и во тешките моменти.“

„Исто така и на мојот агент, кој секогаш веруваше во мене и ме мотивираше. Ми рече дека еден ден ќе ја освојам Златната топка. Со мојот најдобар пријател, во изминатите четири или пет години, направивме се, се заедно поминавме. Ме следи секаде и до крајот на животот ќе бидеме заедно“, додаде Усман Дембеле.

- Оглас -

Најнови вести