Дембеле одби да ја прими наградата за најдобар играч против Астон вила, а потоа мораше да се фотографира со трофејот (Видео+Фото)

На големо изненадување на сите, Осман Дембеле беше прогласен за најдобар фудбалер на мечот помеѓу Астон вила и ПСЖ. Се чини дека и самиот фудбалер беше изненаден бидејќи ниту постигна гол, ниту асистираше, а неговата екипа беше поразена.

Тој првично одбиваше да го прими трофејот и си замина во соблекувалната, но потоа се фотографираше, веројатно од спонзорски причини, но на фотографиите изгледаше како со нетрпение да чека да заврши тоа фотографирање.

- Оглас -

Најнови вести