Дембеле оди на одвикнување од видеоигри?

Проблемите на Усман Дембеле во Барселона продолжуваат. Младиот Французин повторно ги изнервира одговорните лица во таборот на шпанскиот првак. Тој лажел дека имал стомачни болки, што првично беше причината зошто доцнел на тренингот пред неколку дена.

Имено, не се работело за стомачен вирус, бидејќи Дембеле бил на прегледи во медицинскиот центар на клубот и утврдено е дека тој е потполно здрав. Едноставно, не се разбудил навреме за да стигне на тренинг бидејќи цела ноќ останал буден и играл видеоигри со своите пријатели.

Набрзо потоа го повикале неговиот агент на состанок. Од Барса се бесни поради однесувањето на фудбалерот за кого издвоија мало богатство за да го купат од Борусија Дортмунд. Токму затоа се одлучија да го пратат Дембеле кај психолог за одвикнување од видеоигри, сметаат дека тоа стана негова опсесија и не може да ги изврши сите обврски доделени од клубот.

 

- Оглас -

Најнови вести