Дембеле се врати на тренинзите на ПСЖ, но ќе го пропушти и мечот со Сиетл

Францускиот репрезентативец Осман Дембеле повторно тренира со полн интензитет со тимот на Пари Сен Жермен, откако закрепна од мускулната повреда здобиена за време на настапите за националниот тим.

26-годишниот крилен напаѓач последните неколку недели работеше на индивидуален режим, но сега конечно им се приклучи на соиграчите.

Иако самиот Дембеле има голема желба што побрзо да се врати на теренот, во ПСЖ одлучија да не брзаат со неговото вклучување. Стручниот штаб ќе биде внимателен за да не дојде до рецидив на повредата.

Се очекува Дембеле да го пропушти натпреварот против Сиетл саундерс, кој е последен за парижаните во групната фаза на Светското клупско првенство. Европскиот шампион има императив на победа за да обезбеди пласман во осминафиналето.

- Оглас -

Најнови вести