Дембеле во трка со времето, дали ќе биде подготвен за реваншот со Арсенал во ЛШ?

Фудбалерите на Пари Сен Жермен во среда го пречекуваат Арсенал во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите, а во таборот на домашниот тим единствената дилема е настапот на Осман Дембеле.

Францускиот офанзивец се повреди на првиот натпревар и оттогаш е надвор од тимот, но денеска почна да тренира со остатокот од тимот.

Иако сè уште не е целосно подготвен, оптимизмот расте кај ПСЖ, а најважно е што повредата не е од потешка природа, особено со оглед на неговата историја со повреди додека беше во Барселона.

Постојат добри шанси Луис Енрике да не ризикува со влошување на повредата, па Дембеле да остане на клупата и да влезе во игра доколку биде потребно.

Ако Дембеле не биде подготвен да започне, на негово место ќе играат или Бредли Баркола или Гонсало Рамош, додека сигурни стартери се Хвича Кварацхелија и Дезире Дуe.

ПСЖ победи на првиот натпревар со 0-1 и има голема шанса да се пласира во своето прво финале од 2020 година, кога во борбата за трофејот беше поразен од Баерн Минхен.

Натпреварот ПСЖ – Арсенал е закажан за в среда, од 21 часот.

- Оглас -

Најнови вести