Ден што ќе се памети – Не се игра ниту еден фудбалски меч на планетата

Понеделник, шести април ќе остане запаметен како ден во кој се пишува фудбалска историја, за жал, од темната страна на вечната книга за најважната споредна работа на светот.

Поради епидемијата со Коронавирусот, денеска нема да се игра ниту еден меч на планетата, па ниту Белорусите, фудбалерите од Никарагва, Бурунди и Таџикистан и пријателските мечеви што ги играа шведските и финските екипи ги нема на распоред.

Денови без фудбал имало само во дел од периодите на двете Светски војни од 1914 до 1918 и од 1941 до 1945.

Кризата и откажувањата на фудбалските првенства во 2020 година почнаа некаде од втората седмица на март, па грото од домашните шампионати, но и сите интернационални мечеви редум почнаа да се пролонгираат со надеж дека наскоро ќе продолжат.

Најупорни останаа Белорусите, кои го почнаа новиот шампионат, па таму се веќе одиграни три кола и покрај тоа што е прогласена пандемија од Коронавирус, а се игра и во шампионатите на Никарагва, Бурунди и на Таџикистан.

Фудбал се игра и во Шведска и во Финска, но таму мечевите имаат карактер на пријателски како загревање за старт на новата сезона.

 

 

- Оглас -

Најнови вести