Петте меча од денешните Квоти на денот ако се одиграат заедно, носат огромен вкупен коефициент од 89.64 и навистина е примамливо за оние коишто сакаат да ризикуваат.
Херенвен го пречекува Твенте, а гостите не треба да загубат во меч којшто изобилува со голови и ќе има барем три, но не повеќе од шест. Квотата за оваа комбинација е 2.65.
Бреша и Козенца треба да одиграат дуел во кој ќе има погодоци во двете полувремиња, и тоа од 1-3, што носи коефициент од 2.45.
Штутгарт треба да го искористи домашниот терен и да ги радува своите навивачи во дуелот против Хамбургер. Домаќините треба да погодуваат од 1-3 пати во двете полувремиња за да биде добитна квотата од 2.55.
Патрик Тисл и Рос каунти треба да одиграат средба во која ќе има погодоци во мрежите на двата тима и барем по еден гол во двете полувремиња. За ГГ& 1+I & 1+II квотата е 2.21.
Последен меч во денешната понуда е Утрехт – Спарта Ротердам. Домаќините треба да победат, а во првото полувреме да има барем еден погодок, комбинација што носи коефициент од 2.45.