Денешното полуфинале од плејофот за влез во Премиер лигата ќе биде поефикасно

Кардиф сити – Фулам (фудбал, Англија 2, 20.45 часот)

Велшкиот и лондонскиот тим ја почнуваат полуфиналната 180-минутна битка за пласман во финалето за влез во Премиер лигата. Кардиф ќе се обиде со каква било предност да замине на реваншот за три дена. Фулам е тим кој тешко губи на гостински терен, тие ќе бидат задоволни и со реми. Кардиф летово одигра пет меча на свој терен и на четири од нив даваше два или три гола. Кога овие тимови играат во Кардиф, речиси секогаш паѓаат голови на двете страни, па така беше и летоска, кога одиграа 1-1, а пред 17 дена, Фулам на „Крејвен котиџ“ славеше со 2-0.

Предлог тип: ГГ (2.07)

 

Фјолнир – Валур (фудбал, Исланд, 21.15 часот)

Ова „мора“ да биде двојка, сè друго би било сензација. Фјолнир нема ниту една победа, а во осумте кола прими 19 гола. Претходните два домашни меча ги губеше со по 0-3. Валур се бори за врвот со КР Рејкјавик и најефикасен тим е во лигата заедно со Акранес. Но, традицијата покажува дека Валур не минува лесно на гостувањата кај Фјолнир, особено на оние од Купот. Во лигашките мечеви ситуацијата е поинаква и затоа предност им се дава на гостите.

Предлог тип: 2 & 3+ (1.92)

 

Емполи – Козенца (фудбал, Италија 2, 21.00 часот)

Победата многу им треба да двата тима, на Емполи за да остане во местата кои водат во плејофот за место во Серија А, а на Козенца за опстанок. Козенца уште е во опасната зона, но има три победи по ред (сите со резултат 2-1) и покажува дека нема намера да испадне, а дали ќе го фати претпоследниот воз, ќе видиме вечерва. Не зависат само од себе, туку и од ривалите. Емполи сезонава има дадено само два гола повеќе од Козенца, но има 11 бода повеќе.

Предлог тип: Х (3.25)

 

Хамарби – Еребро (фудбал, Шведска, 19.00 часот)

Дуел на две од петте најнеефикасни екипи во првенството. По десет кола, двата тима имаат дадено само по 9 гола, што во просек е помалку од еден по меч. Играат доста променливо и затоа се во средина на табелата по една третина од првенството. Иако традицијата најавува голови, поради лошата моментна голгетерска форма типуваме 0-2 гола. Инаку, 10 од последните 12 соочувања на овие тимови минале со 3 или повеќе голови, а и во останатите два дуели имало голови, по два.

Предлог тип: 0-2 гола (2.30)

 

Вил – Грасхоперс (фудбал, Швајцарија 2, 20.30 часот)

Грасхоперс има многу повеќе мотиви, а и поквалитетен тим е, па затоа типуваме дека ќе го добијат натпреварот. Скакулците се борат за место во разигрувањето за нивно враќање во Суперлигата и победа над Вил ќе му овозможи пласман на второто место, пред ривалот Вадуц. Грасхоперс лани славеше на своето последно гостување кај Вил со 1-0. Вил во последните мечеви редовно и дава и прима голови.

Предлог тип: 2 (1.62)

 

Квоти на денот во обложувалниците Sport Life се:

Хамарби – Еребро 1+I & 2+ II (2.60)

Кардиф сити – Фулам Х2 & 2+ (2.15)

Беневенто – Киево ГГ & 3+ (2.35)

- Оглас -

Најнови вести