Денеска е „Денот Д“ за европскиот фудбал

По распространувањето на Коронавирусот во Европа и анализите на Светската здравствена организација беа прекинати речиси сите национални фудбалски првенства, а денеска во раните попладневни часови УЕФА ќе одржи историска средба на која ќе се разгледаат перспективите на европскиот фудбал.

Претставници на сите 55 асоцијации кои членуваат во УЕФА, заедно со бордот на Европската асоцијација на клубови и Европските лиги ќе учествуваат на видеоконференција, на која ќе се бараат решенија за европскиот фудбал и борбата со епидемијата.

Треба да се одреди судбината на Европското првенство, а ние во Македонија чекаме исход што ќе биде со баражот од Лигата на нации против Косово.

Има многу шпекулации околу Евро 2020, но најчестата е дека УЕФА ќе побара 300 милиони евра од клубовите и националните лиги како отштета што веројатно ќе мора да дојде до одлагање на ЕП за догодина. Ќе се жртвува ЕП со цел да се доиграат домашните првенства и Лигата на шампионите, за која можеби ќе има и нов формат. Од друга страна, Русија и Турција ќе предложат да бидат домаќини на ЕП, и тоа да се игра летово, како што беше закажано.
- Оглас -

Најнови вести