Денеска ќе биде познат последниот полуфиналист: Германија е во пол-позиција, Хрватска ќе биде задоволна и со пораз (Фото)

Денеска на Европското ракометно првенство ќе се одиграт три натпревари од последното коло од групата 1 во главната фаза, по која ќе биде познат последниот полуфиналист.

Франција претходно го обезбеди првото место во групата, а во пол-позиција за второто место се наоѓа домаќинот Германија, која има пет бода, еден повеќе од Унгарија и Австрија и во дуелот со Хрватска сама ќе си ја крои судбината.

Хрватска загуби во трите меча од главната фаза и одамна ги загуби шансите за пласман во полуфиналето, а интересно е што тие ќе бидат позадоволни со пораз бидејќи ќе си ги зголемат шансите за настап на квалификацискиот турнир за Олиписките игри во Париз.

За тоа потребно им е Германија или Шведска да го освојат третото место на ЕП. Шведска веќе го обезбеди пласманот во полуфиналето, а Германија ако ја победи Хрватска, ќе го освои второто место во групата, што исто така ја носи во полуфинале.

Во тој случај, Хрватска поради освоеното деветто место на последното СП, ќе влезе на квалификацискиот турнир како замена за Шведска или Германија.

Германците се апсолутни фаворити на вечерашниот дуел и квотата за нивна победа изнесува 1.18.

Првиот дуел од денешната програма ќе биде меѓу Австрија и Исланд и според квотите, поблиску до триумф е Исланд (1.80).

Франција и Данска покажаа најмногу на Европското првенство и ги обезбедија првите места во двете групи, а Триколорите настапите во главната фаза ќе ги завршат со дуелот против Унгарија.

Во богата понуда на Sport Life за ракометното Европско првенство,стандардно има и 24-ца ракометари за играта „плус-минус“ на голови.

 

- Оглас -

Најнови вести