Денеска се играат натпреварите од осминафиналето во Купот на Македонија, а најинтересно се очекува да биде во Струга, каде што домашниот тим го пречекува Работнички.
Квотата во Sport Life за триумф на лидерот во домашниот шампионат изнесува 1.57, а доколку верувате во тимот од Дебар Маало, тогаш квотата е 4.60.
Уште во две осминафинални пресметки ќе играат прволигаши, Шкендија е голем фаворит против последниотпласираниот тим на табелата, Скопје.
Многу поголема неизвесност се очекува да има на дуелот меѓу Тиквеш и минатогодишниот финалист Силекс.
Во последниот денешен натпревар од Купот на Македонија, актуелниот шампион Шкупи игра против второлигашот Воска.