Денеска во првата македонска лига се игра само еден, но вреден меч

Дербито помеѓу двете водечки екипи на табелата, Струга Трим Лум и Шкупи, е единствениот натпревар кој се игра денеска од 14 часот од Првата македонска фудбалска лига.

После 19 кола, Шкупи е прв на табелата со еден бод повеќе од стружани кои се втори, па денеска може да дојде и до промена на врвот, ако домашните освојат три бода. Според квотите во Sport Life, благ фаворит е Струга, за чија победа квотата е 2.40. Последните две меѓусебни средби на овие екипи во Струга, завршувале со победи на домашниот тим од 2-1.

- Оглас -

Најнови вести