Голманот на македонската фудбалска репрезентација, Дени Илиев има многу проблеми во кариерата со повреди, а сега пак мора да паузира по новата операција на коленото.
Паузата ќе биде околу три месеци што значи дека голманот на словачки Тренчин ќе го пропушти стартот на новата сезона и двата последни натпревари на Македонија во Лигата на Нации.
„Напорниот дел почнува сега, но ќе се вратам посилен. Благодарност до доктор Улрих Бениш и неговиот тим“, напиша Илиев на социјалните мрежи.
Илиев долго време беше член на Арсенал, но немаше ниту еден настап за првиот тим, а најчесто бранеше во развојната лига на Англија.
Неколкупати беше позајмуван од Топчиите, и бранеше за Серед, Јагелонија, Шрузбери и сега е голман на Тренчин.
По добрите настапи селекторот Благоја Милевски го приклучи и во националниот состав на Македонија, но сега повторно следи пауза за Илиев, кој нема да биде дел од нашата селекција на двата дуели во септември во Лигата на Нации со Грузија на гости и со Бугарија на домашен терен.