Некогашната голема голманска надеж на македонскиот фудбал, Дени Илиев, кариерата ќе ја продолжи во тимот на Хелсинки. Илиев денеска беше промовиран во најтрофејниот клуб во Финска, а преку социјалните мрежи порача дека е пресреќен што сега е дел од Хелсинки и дека со нетрпение чека да се истакне пред навивачите во сезоната која набрзо треба да започне.
Илиев кариерата ја започна во Беласица, а во 2012 година како 17-годишен тинејџер замина во школата на Арсенал. Во 2017 година го потпиша првиот професионален договор со англискиот гигант и тој му траеше до 2022 година.
Сепак, Илиев не одигра ниту еден меч во дресот на Арсенал, а најчесто беше позајмуван во помалки клубови. Минатата сезона ја помина во Тренчин, а од сега ќе биде дел од тимот на Хелсинки.