Македонскиот репрезентативен голман Дејан Илиев експресно најде нов клуб откако го напушти Сараево каде бранеше во изминатите шест месеци. Негова следна дестинација е Романија, а ќе брани за УТА Арад, клуб кој игра во елитната дивизија на оваа земја.
Илиев е веќе промовиран во новиот клуб, а Романците го најавија како големо засилување.
Дени Илиев од Беласица како младинец направи голем трансфер во ангилскиот премиерлигаш Арсенал, но не успеа да се наметне за сениорскиот тим. Беше на позајмици во Серед, Јагиелонија, Шрусбери, а потоа бранеше и за Тренчин, Хелсинки и за Сараево.