Украинскиот боксер Олександр Усик на 17 февруари ќе ги вкрсти ракавиците со Британецот Тајсон Фјури во меч кој го нарекоа „борба на векот“. Ова ќе биде борба за обединување на сите титули во тешка категорија, а Ријад во Саудиска Арабија ќе биде местото на кое ќе биде борбата.
Низ годините наназад, постоеше дилема дали името на Усик е Олександр или Александер, а тоа е во зависност дали е украинско или руско име. Диелмата постоеше затоа што Усик е роден во Симферопољ кој е главен град на Автономната република Крим. Овој дел од Украина од 2014 година е под руска власт.
„Не се плашам да одам во Крим, затоа што таму одам дома. Веќе сум рекол и не го менувам мислењето. Јас сум Украинец роден во Симферопољ. За мене Крим е дел од Украина. Јас се викам Александер. На руски е Александер, а Олександр е на украински. Сепак, моето име е Александер, без разлика на тоа што сум Украинец“, откри славниот боксер.
Многу Украинци останаа разочарани по оваа изјава на Усик, но тој е убеден дека нема ништо лошо во тоа неговото име да е Александер.
„Дали сум предал некого? Јас низ целиот свет ја преставувам Украина. Го веам украинското знаме, се свири украинската химна. На кого треба нешто повеќе да му докажувам?“, без зборовите на Усик, во реакција коај се случи пред да започне војната меѓу Русија и Украина.