Денвер е фаворит за победа над Жешките во реприза од големото НБА-финале, Милвоки е во победнички ритам (Фото)

Вечерва во НБА-лигата ќе се одиграат осум натпревари за кои Sport Life подготви по 154 комбинации за играње.

Најинтересено се очекува да биде во „Бол арената“ во Колорадо, каде што шампионот Денвер нагетс ќе го пречека Мајами хит. Овој дуел ќе претставува реприза од големото НБА-финале од минатата сезона во кое Денвер славеше со 4-1 во победи и за првпат во историјата ја освои титулата.

 

И двата тима се наоѓаат во добра форма, Мајами има пет победи по ред, додека Денвер славеше на четирите последни меча и вечерва ја има фаворитската улога (1.60).

Милвоки бакс влезе во победнички ритам, победи на последните три меча и вечерва е голем фаворит за триумф против Шарлот хорнетс.

Според квотите, големи фаворити за победа се и ЛА лејкерс против најслабиот тим во лигата, Вашингтон визардс (1.32), Феникс против Хјустон (1.29), Оклахома сити против Сан Антонио (1.20)…

Во понудата на Sport Life тука е и популарната игра „плус-минус“ поени, каде што може да се погодува за бројот на поени на 60-мина кошаркари и тука се играчи како Гилџес-Александер, Кари, Лилард, Адетокумбо, Марканен, Бронсон, Кари, Дурант, Букер…

- Оглас -

Најнови вести