Кога Никола Јокиќ се повреди пред еден месец, многумина се уплашија дека играта на Денвер нагетс ќе се распадне. Сепак, тимот од Денвер покажа одличен карактер и тимски дух, покажувајќи дека не зависат само од еден играч, па макар тоа било и Јокиќ.
Утрово, Денвер славеше над Вашингтон со 121:115, што е четврта победа по ред, односно шеста во последните седум натпревари. Џамал Мареј со 42 поени беше предводник на Денвер до новата радост.
Клеј Томпсон постигна 23 поени во победата на неговиот Далас против Јута од 122:114. Интересно е дека сите 23 поени Томпсон ги постигна во првото полувреме, а тоа беше доволно за шутерот да ја надмине бројката од 17.000 поени во кариерата.
Далас започна силно и од самиот старт поведе со 6:0, а потоа и со 29:15, а потоа само рутински го контролираше водството и на крајот без проблем стигна до победа. Ова беше трет меч меѓу Далас и Јута во последните 10 дена, а Далас втор пат се израдува.
Одлична вечер имаше и Ентони Едвардс кој постигна рекорни во кариерата 55 поени, но неговата Минесота сепак загуби на гостувањето кај Сан Антонио со 126:123.
Резултати: Далас – Јута 138:120, Атланта – Бостон 106:132, Детроит – Индијана 121:78, Њујорк – Феникс 99:106, Мајами – Оклахома 122:120, Сан Антонио – Минесота 126:123, Голден Стејт – Шарлот 136:116, Денвер – Вашингтон 121:115, Портланд – ЛА лејкерс 132:116.

