Денвер испушти двоцифрена предност, па Јокиќ во последниот напад донесе победа (Видео)

Никола Јокиќ со кош на 11 секунди пред крајот на мечот донесе победа за Денвер на гостувањето кај Феникс од 123-125. Нагетси имаа двоцифрена предност, но на противникот му дозволија резултатски да се врати, па во финишот се играше израмнето.

Победата дојде, пред сè, поради мирната рака на Србинот, кој погоди од полудистанца за трета последователна победа на Денвер.

Јокиќ го заврши мечот со 23 поени и по 17 скока и асистенции.

Резултати:

Шарлот – Сакраменто 134-90
Њујорк – Њу Орлеанс 121-116
Кливленд – Орландо 136-131
Феникс – Денвер 123-125

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести