Денвер лесно до победата, нов рекорд за Никола Јокиќ (Видео)

Кошаркарите на Денвер нагетс предводени од Никола Јокиќ дојдоа до лесна и убедлива победа на домашен терен и го совладаа составот на Јута со 129-93. Србинот на паркетот беше само во првите три четвртини, а во последната воопшто не влезе, па трипл-дабл учинокот изостана, но мечот го заврши со 27 поени, 14 скока и шест асистенции.

Сепак, и ваквиот ефект беше доволен да урне уште еден рекорд. Овојпат го мина легендарниот Лери Бирд, како кошаркар кој најбрзо дошол до ефект од 16.000 поени, 8.000 скока и 5.000 асистенции. На Србинот за ова му требаа 739 натпревари, додека на досегашниот рекордер му биле потребни 799 меча.

Јокиќ освен што сруши уште еден рекорд, го имаше и потегот на мечот кога со една рака успеа да фрли преку цел терен и да погоди.

 Резултати:

Детроит – Кливленд 133-122
Бруклин – ЛА Клиперс 100-132
Торонто – Шарлот 108-97
Милвоки – Њујорк 107-116
Минесота – Феникс 124-109
Њу Орлеанс – Голден стејт 95-111
Денвер – Јута 120-93

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести