Денвер на чекор од конференциско финале, Торонто ја декласира Филаделфија за 3-2

Денвер нагетс е во пол-позиција за пласман во конференциското финале на Западот откако ноќеска убедливо го совладаа Портланд со кончени 124:98 за преземање на водството во оваа рунда на 3-2. Нагетс сосема заслужено ја добија клучната средба пред свои навивачи во беспрекорниот триумф водеа од првиот до последниот момент од мечот.

Дуото под обрачите, Никола Јокиќ и Пол Милсап беа најголемиот проблем за Трејлблејзерс. Јокиќ овојпат не стигна до троен учинок, му недостасуваа четири асистенции, но сепак заврши со највисоки 25 поени и 19 скока. Милсап додаде 24 поени, па така се виде колку всушност недостасува повредениот Јусуф Нуркиќ во редовите на Портланд.

Лилард беше најсветла точка кај Блејзерс со 22 поени.

https://www.youtube.com/watch?v=ndWKca1kbos

До водство од 3-2 дојде и Торонто репторс во серијата против Филаделфија севентисиксерс. Репторс ноќеска го декласираа збунетиот тим на Сиксерс со убедливи 125:89.  Одличната игра на Торонто во втората четвртина ги стави во поволна позиција и водство од +21 поени разлика, а во завршните минути од мечот таа се зголеми на +40.

Сијакам со 25 поени беше најрасположен од редовите на домашната екипа, Ленард заврши со двоен учинок од 21 поен и 13 скока, додека Лаури застана на 19 поени. Од составот на Филаделфија најмногу се истакна Батлер со 22 поени, а скромните 13 поени на Ембид беа недоволни да се избегне тешкиот пораз.

https://www.youtube.com/watch?v=GnioeFn5-5o

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести