Рајо не издржа, Депај во 90-тата минута го совлада Столе за триумф на Атлетико (Видео)

Фудбалерите на Атлетико Мадрид славеа во градската пресметка против Рајо Ваљекано со 2:1 во заостанатиот натпревар од 20-тото коло во Ла Лига.

Со оваа победа, Атлетико се израмни со Барселона на делба на третото место на табелата со 47 бода, додека Рајо остана на 24 бода.

Рајо до 90-тата минута имаше бод, но Мемфис Депај постигна гол, и тоа откако Столе Димитриевски не беше на нивото и дозволи топката да влезе во мрежата.

Атлетико поведе со голот на Реинилдо во 35-тата минута, но до крајот на првиот дел, во 42-рата минута Рајо успеа да израмни преку Гарсија.

- Оглас -

Најнови вести