Дерби-дуелите нудат неизвесност во Спортска прогноза, прогнозерите очекуваат сигурна победа само од Арсенал

Типувањето за 29-тото коло на бесплатната игра на Sport Life и Спорт Манија, Спортската прогноза, е отворено до утре во 15:30 часот, односно до почетокот на првиот натпревар, а тоа е оној помеѓу Фрајбург и Волфсбург. Тоа би значело дека имате уште помалку од 24 часа бесплатно да ги пополните вашите типови, секако, доколку досега не сте го сториле тоа.

Веќе се познати и фаворитите за овој викенд иако се играат четири големи дерби-пресметки во најсилните европски лиги.

Во Италија има две дерби-пресметки, таа меѓу Јувентус и Милан и таа меѓу Наполи и Рома. Во Премиер лигата, Арсенал, кој се бори за титулата во лондонското дерби, ќе игра против Тотенхем, а во Португалија ќе играат Порто и Спортинг Лисабон.

Прогнозерите најголема доверба имаат во Арсенал (71,88 отсто) бидејќи нема право на кикс ако сака да остане во трката за титулата до крајот на сезоната. На останатите три дерби-пресметки, домаќините се поблиску до победата според прогнозерите.

Со свои прогнози може да се приклучите до сабота до 15.30 часот, кога почнува првиот меч од основната понуда, па процентите може и да се сменат.

За погодена 13-ка, подарокот можете сами да си го одберете.

Изборот е меѓу трите понудени варијанти:

Смарт ТВ самсунг 55” 4K,

Xiaomi електричен тротинет и

Сони плејстејшн 5.

Во играта што е многу едноставна и е без трошоци за учесниците се наградуваат и утките. За една утка, Sport Life ќе ви додели ваучер од 1.000 денари, а со погодени 11 меча, ви следува ваучер од 500 денари.

 

- Оглас -

Најнови вести