Јубилејното 20-то коло на Спортската прогноза е во тек и ќе биде отворено до утре, до 14 часот, кога стартува првиот дуел меѓу Леганес и Алавес. Се разбира, предизвикот на прогнозерите е да ја „уловат“ 13-ката, односно да ги погодат 13-те фиксови за сите понудени натпревари.
Во ова коло има неколку дерби-натпревари. Во Серија А ќе се игра „Дербито на Италија“, на кое Јувентус ќе биде домаќин на Интер. Во германската Бундеслига на распоредот е дербито меѓу актуелниот првак Баер Леверкузен и актуелниот лидер на табелата, Баерн Минхен. Баварците имаат осум бода предност пред Баер, па можеби ова им е и последната шанса на актуелните шампиони да се вратат сериозно во трката за титулата.
Ќе има интересни мечеви и во Англија, Шпанија и Франција, а возбудата е многу поголема доколку сте дел и од единствената бесплатна Спортска прогноза на Sport Life.
Оној прогнозер кој ќе успее да биде перфектен, ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). Со 12 погодени мечеви следува вредносен ваучер од 1000 денари во Sport Life, a 11-ка носи ваучер од 500 денари.