Веракруз ја продолжи црната серија без победа на 33 меча и загуби од Керетаро со 0:5, па сега мексиканскиот прволигаш е светски рекордер.
Лидерот во Мексико лесно славеше на теренот на Веракруз, екипа која сега ја има најдолгата низа без успех во историјата на фудбалот, кога станува збор за елитните домашни првенства.
И што е најинтересно последнта победа им е пред точно една година, лани во август кога ја надиграа Тихуана и со голот на Чавез славеа со 1:0.
Оттогаш бележат најчесто порази, со по некое реми, а за да не бидат комплетно без триумф се погрижија со победа против Закатепек Минеирос во февруари годинава во меч од националниот куп на Мексико со 2:0.
До ноќешниот пораз од Керетаро, Веракруз и англискиот тим Дерби Каунти го делеа црниот рекорд со по 32 меча без триумф.