Дерби во ЛШ жени – Двократниот првак го пречекува актуелниот владетел

Волфсбург ж. – Лион ж. (18:15 часот)

„Лавиците“ имаат само едно единствено реми оваа сезона во сите натпреварувања, и тоа француското дерби против ПСЖ со конечни 1-1. Останатите средби се убедливи победи, во кои во неколку наврати успевале да дадат и по девет гола. Денеска гостуваат во Германија, во пресрет на реваншот со Волфсбург во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Лион има предност од првиот меч со 2-1, но домаќинките веруваат дека можат да ја прекинат нивната доминација.

Лион по стапките на Реал Мадрид „гази“ во женската Лига на шампиони, три години во низа го освојуваат трофејот, а се чини дека ништо не може да ги спречи да го подигнат пехарот и четврта година по ред.

Предлог тип: 1+I & 3+ (2.10)

 

Сент Џонстон – Сент Мирен (20:45 часот)

Извесно е дека двете екипи ќе бидат во групата за испаѓање од шкотската елита, за Сент Мирен е сигурно, но денешниот домаќин верува дека може да дојде до едно од првите шест места. Сент Џонстон има многу подобар биланс од Сент Мирен во последните пет меѓусебни пресметки, бројат четири победи, додека само еднаш загубија.

Сент Џонстон многу повеќе ги посакува трите бода, особено што е во очајна серија од осум порази, едно реми и само една победа од последните 10 првенствени меча во шкотската Премиер лига.

Предлог тип: 1X & 1-3 (1.90)

 

Палестино – А. Италијано (21:30 часот)

Во раната фаза од чилеанското првенство се среќаваат две екипи кои имаа сосема различен старт на сезоната. Палестино е во горниот дел од табелата по пет меча со две победи, едно реми и два порази, додека Италијано се радуваше само еднаш, а загуби три пати. Сепак, денешните гости имаат добри сеќавања кога играат во главниот град на Чиле.

Палестино од јануари 2016 година не може да издвои победа против Италијано во првенствен меч, па сега имаа добра прилика да го скршат мразот и да продолжат со добрите резултати.

Предлог тип: T1 2-3 (2.15)

 

Д. Медведев – Р. Федерер (20 часот)

По овој дуел, ќе бидат комплетирани сите четвртфинални парови на Мастерсот во Мајами. Вчера се случи едно изненадување, Баутиста Агут го елиминираше првиот светски рекет Ѓоковиќ, па сега и рускиот тенисер смета дека може да го направи тоа против искусниот Федерер. Швајцарецот само двапати во кариерата играл против Медведев, и двапати беше на победничката страна – победи на турниот во Шангај со 2-0, претходно во Базел со 2-1 во сетови.

Победникот од овој дуел ќе игра против Кевин Андерсон во битката за пласман во полуфиналето.

Предлог тип: 2 & >22.50 (2.55)

 

Р. Баутиста Агут – Џ. Иснер (21:30 часот)

По дуелот Медведев – Федерер, започнува четвртфиналната пресметка меѓу Баутиста Агут и Иснер. Разиграниот Баутиста има голем мотив да оди до крај на турнирот во Мајами, особено откако го елиминираше Ѓоковиќ за да закаже дуел со Американецот.  Но, Иснер досега нема загубено сет, издвојуваше победи со сигурни 2-0 до пласманот меѓу најдобрите осум, а вечерва за првпат ќе има достоен противник.

Баутиста и Иснер досега се сретнале само трипати, а Американецот води 2-1 во меѓусебните дуели. Сепак, последната пресметка која се одигра пред три години му припадна на Шпанецот, па сега ќе може да влезе во серија.

Предлог тип: >25.5 гемови (1.80)

- Оглас -

Најнови вести