Дерби во шкотскиот Чемпионшип: Данди ретко губи на домашен терен

Во отсуство на натпревари од најквалитетните европски лиги поради репрезентативната понуда, денес големо внимание привлекува дуелот од шкотскиот Чемпионшип помеѓу второпласираниот Данди и третопласираниот Еир јунајтед.

Овие две екипи во директен дуел ќе одлучуваат за втората позиција на табелата, која води во баражот за пласман во Премиер лигата. Данди во моментов има предност од еден поен на табелата, но интересно е дека овие две екипи во меѓусебните дуели ретко играат нерешено, односно имаат серија од 7 натпревари без нерешен резултат во меѓусебните натпревари.

Оваа серија е уште подолга доколку се земат предвид само натпреварите одиграни на Денс Парк во Данди, каде што во меѓусебните натпревари нема нерешен резултат уште од 2011 година.

Домашниот терен секако дека му дава и предност на Данди, а коефициентот во понудата на Sport Life е 1.85 за победа на Данди. Коефициентот дополнително може да го зголемите на 1.95 доколку се одлучите овој натпревар да го одиграте од понудата на Супер типот на Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести