Дерби во знакот на црвено-црната боја – Вардар ја чека Шкендија во осминафинален меч во Купот

Вардар и Шкендија и по шести пат ја немаа фортуната на своја страна и повторно нема да имаат можност да играат финале во Националниот куп на Македонија.

Пак ќе играат во рана фаза меѓу себе, овојпат во осминафиналето, а двомечот што без конкуренција е дерби на оваа фаза почнува денеска, од 15.30 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Реваншот е на 30 октомври во Тетово.

Пресметките што популарно се нарекуваат финале пред финалето меѓу Вардар и Шкендија почнаа во сезоната 20012/13, кога во полуфиналето Вардар ја елиминира Шкендија. Потоа се редеа двомечи во осминафиналето во следниот циклус, па четврт-финале во 2014/15 и лани и уште едно полуфинале во сезоната 2016/17 и на сите Шкендија беше поуспешна.

Денеска ќе се играат и преостанатите седум први дуели од осминафиналето на Македонскиот куп.

Двојки, осминафинале, од 15.30 часот: Вардар – Шкендија, Пелистер – Работнички, Академија Пандев – Осогово, Шкупи – Силекс, Тиквеш – Ренова, Борец – Струга, Брегалница – Македонија Ѓ.П., Лабуништа – Охрид.

 

- Оглас -

Најнови вести