19.8 C
Skopje
недела, 5 октомври 2025

Дерби за памтење: Вардар со гол во 90+2 минута се спаси од пораз против Струга ТЛ

Вардар и Струга Трим Лум освоија по еден бод во меѓусебното дерби кое попладнево се играше на арената „Тодор Проески“. Ова беше дуел на двете најдобропласирани екипи на табелата. Гостите два пати водеа, но Вардар израмнуваше и на крајот резултатот е 2:2, во дуелот од 9. коло на Прва фудбалска лига на Македонија.

Серијата погодоци започна во 19 минута кога Бунџамин Шабани донесе радост за гостите и Струга ТЛ на полувреме водеше со 1:0. Многу повозбудливо беше во вториот дел.

Најпрво во 55 минута беше досуден пенал за Вардар, но ударот на Роџерс Мато го одбрани голманот Ангелети.

Само пет минути подоцна Мато се исправи за промашениот пенал. Голгетерот на Вардар продре по деснатга страна успеа да се ослободи од двајца противнички играчи и погоди за 1:1 во 60 минута.

Кратко траеше оваа радост на Вардар. Само три минути подоцна, Компаоре Басириу постигна убав гол со глава по асистенција на Шабани. Во 90+1 минута Струга ТЛ имаше стоостотна шанса преку Малески, но гостите не погодија.

Веќе во следниот напад Јанкулов по асистенција на Кастаљеда погоди за 2:2 и важен бод за Вардар во трката за титулата.

По девет кола, Струга ТЛ останува лидер на табелата со 23 бодови, пред Вардар кој има 21 бод. Шкендија е трета со 20 бодови, но тетовци утре ги чека дуел против Пелистер во Битола.

Силекс кој денеска минимално со 1:0 го победи Тиквеш, сега има 18 бодови и е на петото место.

- Оглас -

Најнови вести