6.8 C
Skopje
сабота, 14 февруари 2026

Дерби за сите мераци: Интер во директна престрелка го победи Јуве (Видео)

Интер чекори кон Скудето откако го победи големиот ривал Јувентус со 3-2 во неверојатно возбудливо дерби на „Џузепе Меаца“. Победничкиот гол го постигна Зиелински во 90-тата минута од дуелот.

Јувентус од 42-та минута играше со фудбалер помалку поради исклучувањето на Калулу, а во првиот дел Камбијасо постигна два гола, но првиот во својата мрежа, а потоа и израмни на 1-1 во 26-тата минута.

Пио Еспозито во 76-та минута повторно го доведе Интер во водство, но Мануел Локатели уште еднаш израмни, во 83-тата минута на 2-2.

На крајот, сепак, се радуваа фудбалерите на Интер, откако Пјотр Зиелински погоди за голема радост во 90-тата минута од мечот.

- Оглас -

Најнови вести