6102 Португалија – Хрватска (20:45 ч.)
Секогаш е возбудливо кога на мегдан се овие две селекции. Играат отворен, напаѓачки фудбал, па затоа и не е чудно што на последните четири меѓусебни дуели секогаш имало погодоци во мрежите на двата тима.
Ова е почеток, прво коло во Лигата на нации,те дури и да има кикс, постои време да се коригираат резултатите, па затоа и може да се очекува отворена игра без многу калкулации.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.95)
6104 Србија – Шпанија (20:45 ч.)
Во Белград ќе биде „фештата“ бидејќи Србија е домаќин на Шпанија. За Шпанија ова ќе биде прв меч по освојувањето на европската титула пред два месеца во Германија. Црвената фурија нанижа девет победи по ред во изминативе три месеци, што само покажува колку е моќна.
Србија ќе ја има поддршката од публиката, што во Белград знаела да биде и „12-ти играч“, но сепак ќе биде чудо ако успее да победи домаќинот.
Предлог тип: Х2&2-4 (1.71)
6101 Данска – Швајцарија (20.45 ч.)
Две селекции кои беа дел од ЕП 2024 и ја поминаа групната фаза, што само покажува дека имаат голем квалитет. Данска трипати ремизира, а потоа загуби од домаќинот Германија. Интересно е дека во сите четири меча одигра со не повеќе од два гола.
Тоа важи и за Швајцарија, која на сите четири дуели на ЕП играше се резултати на кои немаше повеќе од два погодоци, па затоа тука треба да се очекува рововска игра со малку шанси, па дури и еден потег може да биде клучен да се реши победникот.
Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (2.15)
6121 Азербејџан – Шведска (18 ч.)
Овие две селекции беа во иста група и во квалификациите за ЕП 2024, па лани одиграа два меча на коишто имаше „чудни“ резултати. Прво Шведска победи со убедливи 5:0, а потоа Азербејџан дома славеше со 3:0. Овие селекции вкупно четири пати биле на мегдан и секогаш било НГ ситуација (една од екипите да не даде гол), но сега е време таа традиција да биде прекината.
Предлог тип: ГГ (1.90)
5110 Саудиска Арабија – Индонезија (20 ч.)
Започнува третата и последна фаза од квалификациите за пласман на СП 2026 во Азија. Во оваа групна фаза има шест екипи, а првите две директно ќе играат на Мундијалот.
Саудиска Арабија секако е еден од главните фаворити и тоа треба да го потврди во првото коло на свој терен. Индонезија загубила пет од шесте дуели со овој ривал (има само едно реми).
Предлог тип: 1-1 (1.90)