Резочарувачки 0:0 одиграа Јувентус и Наполи во едно од две те големи дерби дуели кои се дел од петото коло во Серија А. Пред мечот, традицијата и актуелната форма на двата тима најавуваше дека не треба да се очекуваат многу возбудувања, но фановите на стадионот во Торино на крајот си заминаа разочарани, без да видат ниту еден погодок.
Ова е трет меч по ред на кој Јувентус игра 0:0, откако претходно без голови одигра и во пресметките со Емполи на гости и против Рома во Торино. Преку 330 минути трае постот на Старата дама без погодок во домашното првенство.
Ова е само петти пат во богатата клупска историја на Јувентус да одигра три првенствени дуели по ред без голови. Последен пат три дуели со резултат 0:0, гигантот од Торино имаше одиграно во мај 1992 година, под водство на тренерот Џовани Трапатони.
3 – Juventus have drawn three games in a row 0-0 for the fifth time in their history in Serie A, the previous one was back in May 1992 under Giovanni Trapattoni. Blocked.#JuveNapoli #SerieA
— OptaPaolo (@OptaPaolo) September 21, 2024