Партизан и Црвена ѕвезда вечерва ќе играат вечерва на стадионот на Партизан, потврдија од Фудбалскиот сојуз на Србија. Теренот на стадионот е во очајна состојба откако вчераутро 15-тина хулигани влегле на стадионот и со фрлање стакла, поливање на нафтени деривати и горење уништија добар дел од игралиштето.
Сепак, Комисијата, која утрово била на лице место, утврдила дека теренот ги исполнува условите за одигрување дуел од Суперлигата, па вечните ривали ќе започнат фудбалска битка од 19 часот.
Црвена ѕвезда е лидер на табелата во Србија со шест победи и едно реми од седум меча. Партизан започна многу послабо, па по шест одиграни дуели, Црно-белите имаат три победи, две ремија и еден пораз, што моментално е доволно за седмото место на табелата.