Дербито за Европа во шпанската Примера заврши без победник (Видео)

Дуелот на двете екипи кои се пред пласман во европските купови за следната сезона заврши без победник, 2-2. Реал Сосиедад имаше водство од 2-0 уште во раната фаза од мечот, но Жирона до крајот на полувремето израмни, за на крајот и двете екипи да бидат задоволни од исходот.

Резултатот го отвори Ојарзабал уште во 5-тата минута од пенал. На 2-0 зголеми Давид Силва во 24-тата минута.

Сепак, Жирона не се предаде и до крајот на првото полувреме успеа да го израмни резултатот. Најпрво Коуто во 37-мата минута намали на 2-1, а на 2-2 израмни Стуани во третата минута од судиското надополнување на времето.

Во вториот дел единствено нешто што може да се издвои е црвениот картон за гостинскиот фудбалер Ромеу во 87-мата минута.

Реал Сосиедад остаува на четвртата позиција на табелата со 62 бодови, осум повеќе од Виљарел на петото место. Жирона со 48 поени останува на седмото место и до крајот на првенството ќе води голема борба за излез во фудбалска Европа.

- Оглас -

Најнови вести