Дерозен парично казнет поради фрлањето топка кон судија (видео)

Несовесно фрлање на топката кон службено лице и кон трибините, така е протолкуван потегот на Демар Дерозен во поразот (103:117) кој го претрпе Сан Антонио од Денвер пред два дена. Ѕвездата на Спарс на пет минути до крајот од мечот при една акција направи фаул во напад, а откако не се согласи со одлуката на судиите, тој ја фрли топката кон еден од нив.

За тоа ќе плати 25.000 долари, а Дерозен го остави на цедило својот тим бидејќи веднаш потоа беше исклучен од натпреварот. Дотогаш, Дерозен реализираше 19 поени, но Сан Антонио потфрли на домашен терен и му овозможи на Денвер да дојде до израмнување во серијата од првата рунда на 2-2.

https://www.youtube.com/watch?v=oZ89lR1xujc

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести