Десетгодишнина од светскиот рекорд на 100 метри (Видео)

Финалната трка на 100 метри на Светското првенство во Берлин на 16 август 2009 година беше како патување во иднината, делуваше како во филм од научна фантастика. Времето од 9,58 секунди за кое Јусејн Болт од Јамајка ги претрча тие 100 метри е тешко достижно и за наредните 10, веројатно и повеќе години.

Брзината и супериорноста со која Болт се запиша меѓу легендите на атлетиката се ненадминати. На Олимписките игри во Пекинг во 2008 година Болт стотката ја истрча за рекодни 9,69, но во последните метри славеше и малку забави, се виде дека во неговите нозе има простор за напредок. Тоа го докажа една година подоцна, кога не се шегуваше и целата трка ја истрча сериозно, а мерачот на време застана на 9,58. Досега најмногу што му се доближил некој е сонародникот Јохан Блејк со 9,69. Исто такво време има и американскиот рекордер Тајсон Геј, но со недозволен ветер.

Колку се брзи овие 9,58 на 100 метри, покажуваат следните параметри: просечната брзина е 37,6 километри на час, а максималната брзина која ја достигна Болт беше 45 км/ч.

- Оглас -

Најнови вести