5.7 C
Skopje
четврток, 26 февруари 2026

Десетта победа по ред на Сан Антонио, сега Детроит е тим со најдобар скор во НБА

Детроит пистонс со триумфот од 124-116 над драстично ослабениот првак Оклахома Сити тандер не само што е лидер на Истокот, туку има најдобар скор и во целата лига. Сега Детроит е на 43-14, а Оклахома сити има 45-15.

Дурант и Канингем со по 29 поени беа предводници на Клиповите. Кај Тандер фалеа пет од шесте најдобри стрелци во тимот, па дури и добро се држеа.

Повеќе од 40 победи има и Сан Антонио спарс, кој е на 42-16 и опасно се приближува кон врвот во Западната конференција. Мамузите се во налет, имаат десет победи по ред. Утрово во Канада го совладаа Торонто со 110-107 и покрај скромната игра на Вембанјама, кој заврши само со 12 поени.

Никола Јокиќ со 30 поени и 12 скока придонесе во победата на Денвер над Бостон од 103-84.

- Оглас -

Најнови вести