Куртоа: Се знае дека ќе ни се падне Манчестер сити

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, се пошегува околу утрешната ждрепка за осминафиналето во Лигата на шампионите велејќи дека веќе се знае дека ќе им се падне Манчестер сити.

Реал и Сити последниве години редовно играат еден против друг, најчесто во нокаут-фаза, а оваа сезона играа и во лигашкиот дел. Шансите ривал на Реал да биде англискиот тим се 50 проценти, а другиот можен ривал им е Спортинг Лисабон.

„Знаеме дека ќе биде Манчестер сити. Ќе видиме дали барем еднаш нема да се паднеме со нив, хахаха. Не сум играл против Спортинг Лисабон од 2015 година, кога бев во Челзи“, рече Куртоа.

- Оглас -

Најнови вести