Дешан за допингот на Погба: Изненаден сум, тоа не личи на него

Селекторот на француската фудбалска репрезентација, Дидие Дешан, рече дека е многу изненаден од информацијата дека Пол Погба паднал на рутински допинг-тест.

„Познавајќи го, не можам да замислам дека намерно земал некакви забранети супстанци. И за вакцината против ковид тој се мислеше дали да ја земе за да не се покаже некаков допинг. Не знаеме како супстанцата се нашла во неговото тело. Многу сум изненаден, но знам дека му е тешко периодов, ќе разговарам со него деновиве, веќе му испратив порака“, изјави Дешан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести