Дете на Реал Мадрид е пред потпис со Барселона

Искусниот шпански фудбалер за врска Даниел Парехо е блиску до потпис со Барселона. Парехо е во лоши односи со тренерот Кике Сетјен, а веќе има понуда од Барса.

Парехо, кој кариерата ја почна во Б тимот на Реал Мадрид, а веднаш потоа играше и за првиот тим на Кралскиот клуб, од 2011 до 2020 го носеше дресот на Валенсија, додека последните три сезони ги мина во Вилјареал.

Тренерот на Каталонците, Чави, уште зимоска го сакал Парехо во својот тим, а Жолтата подморница летово би го ослободила Дани иако договорот му е до 2024 година.

- Оглас -

Најнови вести