Дерби натпреварот во ирската Премиер лига меѓу Дери сити и Шамрок во судиското продолжение беше во прекин поради дете кое на теренот втрча со факел во раката.
Имено, во последните моменти од мечот кој заврши со триумф на Шамрок од 1:3, гостинските навивачи покрај теренот фрлија факел кој никој од редарите не го изгаси.
Во тие моменти, на теренот се појави детенце кое трчаше кон факелот, го зеде и потоа со него трчаше низ теренот со што предизвикаа овации од трибините.
https://twitter.com/i/status/1781459587989655932