Барселона и Севилја го почнаа својот меѓусебен дуел од шпанското првенство, а меѓу стартерите се Јамин Јамал и Серхио Рамос, кои се „стари познаници“, иако дефанзивецот на Севилја може да му биде татко на мега талентот.
Пред седум години, Јамал беше детето кое го придружуваше Рамос при излегувањето на терен на едно Ел Класико. Тогаш Рамос играше за Реал Мадрид, а Јамал му се смешкаше на капитенот на Кралскиот клуб и веројатно не ни сонуваше дека само седум години подоцна, ќе има прилика да заигра против него.
https://twitter.com/i/status/1707820659923910671