Манчестер јунајтед одигра нов очаен натпревар и изгуби од Евертон а потегот на Кристијано Роналдо кога на крајот од средбата удира дете, покажува за лошата атмосфера во самиот тим.
По крајот на средбата, Португалецот видно изреволтиран од бледиот настап, удира дете по раката кое што држи телефон. За Џејкоб кој има 14 години и кој има аутизам и диспраксија, ова беше прв натпревар а неговата мајка, Сара Кели даде изјава за локалните медиуми.
„Се гледа на сликата дека има модрица на раката. Не можам да верувам дека зборувам за ова. Плачев и јас и Џејкоб сме вознемирени. Он има аутизам и диспраксија и не беше свесен за сето тоа што се случи, се додека дојдовме дома. Потресен è и веќе не сака да оди на натпревари. Ова му беше прв натпревар и ете што му се случи“.
Роналдо по натпреварот се извини за инцидентот, но и покрај тоа од Манчестер јунајтед најавија дека покрената е истрага против него.
Cristiano Ronaldo smashed someone’s phone after losing to Everton, according to fans at the ground 😳
(via @evertonhub) pic.twitter.com/a20z4Sg20F
— ESPN FC (@ESPNFC) April 9, 2022