Во сезоната во која Френк Лампард се потпре на подмладокот во екипата, вчера против Ливерпул му даде шанса на младиот Били Гилмор да игра од првата минута. Шкотскиот тинејџер не само што ја оправда довербата, туку беше еден од најзаслужните играчи што Челзи го елиминираше Ливерпул од ФА купот, па сосема заслужено ја доби наградата за МВП на мечот.
Осумнаесетгодишниот Гилмор делуваше доста зрело на теренот иако има само 18 години, а моментот кога ја протна топката низ нозете на Фабињо е еден од најатрактивните потези на вчерашната средба. Жаргонски кажано, го прати Бразилецот по бурек.
https://twitter.com/CFC_Khalz/status/1234954987492564993