Деветта куп титула за одбојкарите на Струмица Никоб

Одбојкарите на Струмица Никоб по деветти пат го кренаа пехарот за победникот во Купот на Македонија.

На завршниот турнир што се игра во Радовиш, Струмичани во финалето со 3:0 во сетови и тоа со 25:7, 25:23 и 25:18 беа подобри од ГОК Борец.

Струмичани кои беа апсолутни фаворити за трофејот, финалето го започнаа фуриозно и на притивникот му дозволија да освои само седум поени во првиот сет.

Во вториот сет имаше далеку поголема неизвесност, ГОК Борец имаше предност од 19:21, но одбојкарите на Струмица одиграа најдобро кога беше најпотребно и со серија од 6:2, го добија сетот со 25:23.

Во третиот сет, фаворитот постојано беше во предност, брзо дојде до предност од три поени (6:3) и рутински го приведе сетот до крајот за деветта титула во Купот на Македонија. Владо Милев со 12 освоени беше најдобар кај старо-новиот победник во Купот.

- Оглас -

Најнови вести