Деветти пораз по ред за Бруклин – Нападот без Дурант, Харден и Ирвинг им е аматерски (ВИДЕО)

Бруклин нетс се наоѓаат во голема резултатска криза откако на домашен терен против Бостон селтикс загубија со 91:126.

Ова е деветти пораз за Бруклин едноподруго во НБА и од самиот врв падна на осмото место во Источната конференција. Без повредените Кевин Дурант, Џејмс Харден, како и Кајри Ирвинг, којшто настапува само на гостински натпревари, тие беа демолирани од Селтикс.

Доволен позател за играта на Бруклин е видеото подолу, каде што во нападот без овие тројца играчи едноставно немаат никаква идеја.

Џајлин Браун и Маркус Смарт со по 22 постигнати поени беа најефикасните кошаркари на теренот.

Првакот Милвоки бакс беше немилосрден на гостувањето кај Лос Анџелес лејкерс и победи со 131:116, а Јанис Адетокумбо блесна со 44 поени.

НБА

Филаделфија 76-ерс – Феникс санс 109:114

Атланта хокс – Индијана пејсерс 133:112

Бруклин нетс – Бостон селтикс 91:126

Мемфис гризлис – Лос Анџелес клиперс 135:109

Њу Орленс пеликанс – Хјустон рокитс 110:97

Далас маверикс – Детроит пистонс 116:86

Денвер нагетс – Њујорк никс 132:115

Лос Анџелес лејкерс – Милвоки бакс 116:131

Портланд трејлблејзерс – Орландо меџик 95:113

Сакраменто кингс – Минесота тимбервулфс 114:134

- Оглас -

Најнови вести