Девојче од 17 години е високо 220 см и ја теренот делува како да игра против мали деца (Видео)

Кинеската кошаркарка Жанг Жиу ја најавуваат како светска иднина за овој спорт. Таа неодамна наполни 17 години, а доминира на азиското првенство за кошаркарки до 18 години.

Главен адут на Жанг е нејзината висина. Делува нереално, но таа е висока 220 сантиметри и делува како џин во однос на сите останати кошаркарки на теренот.

Кина е домаќин на овој турнир и е прв фаворит за златото, секако најмногу поради Жанг, бидејќи нема кој да ја чува. Се случува и по пет противнички кошаркарки да бидат околу високата Жанг, но таа без никаков проблем да постигне кош. Ја споредуваат со легендарниот Јао Минг.

Во првото коло, во победата против Индонезија (109:50), одигра само 13 минути и даде 19 поени без промашување. Имаше и седум скокови и три блокади. Во второто коло против Нов Зеланд, Кина победи со 90:68, а Жанг постигна 36 поени (16 од 20 од поле), со 13 скока и четири блокади.

Во третото коло Кина со 97:81 ја победиј Јапонија, а целата игра беше базирана на Жанг која мечот го заврши со 44 поени (20 од 22 погодени удари од поле), а имаше и 14 скокови и пет асистенции. Со оваа победа Кина се пласираше во полуфиналето.

- Оглас -

Најнови вести