5.8 C
Skopje
недела, 18 јануари 2026

Девојчето кое ги собираше топките се сруши покрај теренот, тенисерката е херојот (Видео)

На првиот ден од стартот на гренд слем турнирот Австралија опен во Мелбурн, се случи една немлина сцена. За време на мечот меѓу Зејнеп Сонмез и Екатерина Алехандрова, на едно од девојчињата кои беа задолжени да го собираат топките и се слоши и падна покрај теренот.

Тоа беше во моментот кога Алехандрова се подготвуваше да сервира, за освојување на вториот сет. Девојчето падна на грб, стана и се обиде повторно да остане на нозе. Тогаш притрча Зејнеп Сонмез, која помогна девојчето да добие медицинска помош.

Лекарите брзо реагираа, ја дадоа потребната прва помош на девојчето, а потоа ја изнесоа надвор од теренот. Публиката со аплауз го испратија девојчето.

Прекинот траеше шест минути, а потоа мечот продолжи. Сонмез која е на 112 место на ВТА листата на крајот на прави големо изненадување и со 2:1 во сетови ја елиминираше Алехандрова која е 11-то рангирана на ВТА. Мечот траеше речиси три часа.

- Оглас -

Најнови вести