Девојката што го прекина финалето во ЛШ, доаѓа во Скопје

Мохамед Салах и Дивок Ориги ги постигнаа двата гола за Ливерпул во финалето од Лигата на шампионите против Тотенхем, што беше доволно за најзначајниот трофеј во клупскиот фудбал во Европа, да заврши во витрините на „Енфилд Роуд“. Сепак, финалето кое се играше во Мадрид го одбележа еден нефудбалски момент за кој многу повеќе се зборуваше од самата игра.

Кинсли Волански е девојката која успеа да влезе на теренот, истрча до центарот на игралиштето и застана пред да биде фатена од редарите. Кинсли беше облечена само во костим за капење, а тој инцидент од финалето и донесе светска слава. Целата акција на Кинсли од финалето во ЛШ може да ја погледнете ТУКА.

Повеќемина играчи од Ливерпул ја поканиле на вечера, но таа сите ги одбила, бидејќи има дечко, Youtube ѕвездата Витали Здороветски. Токму Витали заедно со Кинсли в четврток треба да дојдат во Скопје и да бидат дел од OneLife Rally авантурата.

На ова рели учествуваат повеќе од 40 супер луксузни автомобили. Релито поминува низ повеќе европски земји како што се Полска, Словачка, Совенија, Хрватска, Црна Гора и Грција.

 

- Оглас -

Најнови вести